Skip to main content

Во болница во Струмица се инвестирани над 4,5 милиони евра

Влада

По 40 години, Општата Болница во Струмица е реконструирана и модернизирана. До крајот на август треба да привршат активностите околу доопремувањето, по што, од почетокот на септември, објектот ќе биде целосно пуштен во употреба.

Во објектот кој ќе опслужува над 200.000 граѓани не само од Струмица, туку и од околните општини, се инвестирани над 4,5 милиони евра.

фото: Влада

Како што истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски по извршениот увид на болницата, реформите во здравството остануваат фокус на Владата, а сите проекти и инвестиции што се досега спроведени во оваа сфера, го подобруваат квалитетот на живтотот на граѓаните.

фото: Влада

Задача на Владата е да ги испорача обврските што им ги вети на граѓаните. Сакаме да завршиме се што е почнато, да поставиме линија, за да знаеме потоа во која насока ќе се движиме. Во здравството имаме многу фокус, сите реформи и инвестиции досега го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните. Така и ќе продолжиме, нагласи Мицкоски.

фото: Влада

Министерот за здравство Азир Алиу, кој го придружува Мицкоски, рече дека болниците во државата остануваат приоритет кога станува збор за модернизацијата.

фото: Влада


Регионализацијата станува реалност. Во Општата Болница – Струмица се инвестирани над 4,5 милиони евра. Објектот ќе опслужи над 200.000 граѓани не само од Струмица, туку и од околните општини. Оваа болница ќе биде една од најмодерните регионални болници, со услови како европските, рече Алиу.

фото: Влада

Со реконструкцијата на болницата, целокупниот хируршки блок ќе се транмсферира во т.н. ново крило, а конзервативниот дел на медицинските услуги ќе остане во стариот дел од објектот.

фото: Влада

Поврзани вести