Skip to main content

Кличко бил луд по неа, а потоа се се сруши: Украинецот ја повреди Хајден како никој друг

Некогашниот светски шампион во тешка категорија, Украинецот Владимир Кличко, се најде во центарот на вниманието по драматичната исповед на неговата поранешна партнерка, американската актерка Хајден Панетиер.

Американската актерка во популарната емисија што ја води сопругата на Вил Смит, Џејда Пинкет Смит, откри детали од нејзината тешка борба со Кличко околу старателството над нивната ќерка Каја.

На актерката, позната по улогата во серијата „Херои“, ѝ предвидуваа блескава кариера, а со години ѝ цветаше и љубовниот живот.

Имала само 19 години кога започнала врска со познатиот Украинец, кој е 13 години постар од неа. Парот во 2014 година ја добил ќерката Каја и изгледало дека нивната среќа нема крај. Сепак, во 2018 година се разделиле, по што започнала жестока борба за старателството над детето.

Обично, судот во вакви ситуации има поголема наклонетост кон мајките, но овој пат Кличко ја добил битката и целосното старателство над ќерката.

Панетиер во емисијата открила дека немала многу што да каже, бидејќи Кличко имал „кец во ракавот“ со кој успеал да ја реши ситуацијата.

Имено, актерката уште од својата 15-та година имала проблеми со алкохол и дрога, а ситуацијата дополнително се влошила откако западнала во депресија по породувањето.

Таму немаше никаква расправа. Вознемирувачки беше начинот на кој тој го направи сето тоа. Можеше подобро да ми објасни дека, поради ситуацијата во која се наоѓав, сака Каја да живее со него, но дека можеме да се гледаме кога и да посакам, рекла актерката и додала: Тоа ќе имаше смисла, бидејќи знам во каква ситуација бев. Тоа што ги потпишав тие документи е најлошата работа во мојот живот. Срцето ми беше скршено, никогаш не сум донела потешка одлука, но немав избор. Не ми остави простор да се договориме, сè заврши преку адвокати.

Каја од својата четврта година живее со татко ѝ во Украина. Американските медиуми истакнуваат дека не е познато каде точно се наоѓаат откако започна војната во Украина.

Панетиер и понатаму се надева дека со Кличко ќе ги реши проблемите и дека ќе добие можност да поминува време со своето дете.

Владимир, по прекинот на врската со Хајден, својот приватен живот го чува далеку од очите на јавноста.

Поврзани вести