Skip to main content

Во Студеничани не е прскано ниту еднаш против комарци, во Илинден има најмногу прскања, уште од април, а има тројца заразени со западнонилска треска

Во скопско Студеничани, иако подрачјето било посочено за прскање против комарци, досега не е извршено ниту едно прскање, кажа на денешната прес-конфренција министерот за здравство Сашо Клековски информирајќи за состојбата со западнонилската треска во државата.

Од друга страна, во Општина Илинден, каде што има најмногу прскања, се регистрирани три случаи на западнонилска треска. Првото ларвицидно прскање било спроведено уште во април 2026 година.

Илинден е меѓу подрачјата каде што прскањето започнало најрано, но и покрај преземените мерки, таму се регистрирани три случаи на заболени од западнонилска треска, изјави Клековски.

Во моментот има 35 потврдени случаи и три суспектни на западнонилска треска, кои се во процес на дијагностицирање, а шестмина се во критична состојба и се наоѓаат на интензивна нега на Инфективната клиника. Од потврдените случаи, повеќето се згрижени на Клиниката за инфективни болести, а еден пациент е згрижен во приватна здравствена установа.

Министерот додаде дека досега има три смртни случаи на овој вирус, а 15 се излекувани и се отпуштени од Клиниката за инфективни а болести.

Поврзани вести