Skip to main content

Во пресрет на Денот на Армијата: Одбележан 18 Август

Во пресрет на 18 Август – Денот на македонската Армија, денеска пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот беше одбележан овој значаен ден, заедно со припадниците на Армијата и вработените во одбраната.

Од Министерството порачаа дека посветеноста, професионалноста и непоколебливоста на припадниците на Армијата се темел на сигурна и безбедна Македонија.

„Продолжуваме да функционираме како едно семејство кое го обединува заедничка цел: Македонија да продолжи да се развива и да изградиме подобра држава за следните поколенија“, беше истакнато на одбележувањето.

Воедно беше посочено дека кон предизвиците се пристапува со заедничка перспектива, а одлуките се носат со цел зајакнување на Армијата и создавање подобри услови за секој војник, подофицер, офицер и вработен во одбраната.

„Резултатите од вложеното се видливи и тие се потврда дека се движиме во вистинската насока“, порачаа од Министерството, најавувајќи продолжување со зајакнување на капацитетите и подобрување на условите за работа за припадниците на Армијата и вработените во одбраната.

Поврзани вести