Skip to main content

Внукот на Али Ахмети „лабаво“ се шета низ Америка додека е под истрага во Македонија

Дрин Ахмети, младиот внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, половина година е во САД додека е под истрага од Обвинителството за сомнително стекнување на удел во бизнис центарот „Соравиа“, но и за јавни набавки.

Ахмети до 3 јануари на Инстаграм споделувал фотографии од Њујорк заендо со неговиот брат Бесијан Ахмети додека е на гости во САД кај неговиот татко. Според сознанијата на ТВ Телма, Ахмети е во САД од крајот на јули минатата година.

Од Обвинителството нема одговор дали во меѓувреме е повикан на разговор, а единствено е познато дека на неговата фирма Тхор Индустрис, како и на Соравиа Инвест, им се блокирани сметките.

Дрин лани објави дека „Тор индустрис“ е во процес на преземање од компанијата „Тексас американ интернешнл холдингс“ на бизнисменот Ник Назар Мехмеди од САД.

Поврзани вести