
Се интензивираат изборните активности на учесниците на Локалните избори 2025. На шестиот ден од дваесетдневната кампања за изборите на 19 октомври политичките партии, коалициите и независните кандидати ќе одржат митинзи и средби со граѓани во повеќе делови од земјата.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи на кои ќе ги претстави поддржаните кандидати за градоначалници и советници во Теарце, Брвеница, Јегуновце, Ѓорче Петров и во Куманово.
СДСМ попладнево и вечер е во Градско, Чашка, Велес и во Свети Николе.
Кандидатите на Левица во Кичево и во Охрид ќе имаат средба со граѓани, а во Струга ќе се одржи промоција на кандидатката за градоначалник на Струга, Јована Мојсоска. Кандидатот за градоначалник за Скопје Амар Мециновиќ и кандидат за градоначалник за Аеродром Марјан Димитрив.
Граѓанската платформа „Независни заедно“ ќе одржи прес-конференција по повод претставување на новиот зелен појас кај базенот кој е во рамки на спортско-рекреативниот центар „Сарај“.
И Работничката партија ќе одржи промоција на кандидати за градоначалник и советници за општина Гази Баба.
Политичката партија МААК ќе одржи средби со граѓани.
Кампањата за локалните избори завршува на 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред изборите на 19 октомври.