
Не знаевме дека дел од раководството на СДС се отуѓени и, со оглед на злосторствата кон Македонија и својот народ, им е потребен надзор и терапија! Но, оваа кривична пријава укажува дека работите се подлабоки дури и од она за што се плашевме, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Кривичната пријава е доказ дека и тука, во оваа земја каде системот е распаднат токму поради нив, СДС, продолжувајќи по старо, сметајќи дека сè може да им помине. Тоа е како некој убиец да ја обвини жртвата дека сама си го организирала убиството.
Тоа е страшна и опасна практика и начин на однесување што воведува нови и загрижувачки аспекти во политичката динамика. Во ситуација кога сторителот, фатен во обид за буквално потпалување на државата, сега прави чекор што најсовремените психоаналитичари тешко би можеле да го интерпретираат и да помогнат, можеме само да кажеме: СДС, вие сте за лекување. Колку е тоа точно, ќе се уверите сами на следните избори.
Фатени сте живи и прочитани од граѓаните. И ако со вакви глупости мислите дека ќе се извлечете, тогаш навистина вашата состојба е неизлечива. Толку од одговорот.
За крај, не ли чувствува одговорност Филипче да се огради од повикот за убиство врз премиерот, министерот за внатрешни работи и директорот на БЈБ? Наместо тоа, тие дефокусираат со кривични пријави да ја тргаат мувата од капата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.