Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: СДС падна на 22.000 членови- ниту сопствените луѓе не го сакаат Филипче

СДС некогаш се фалеше со десетици илјади членови, но денес партијата се сведува на 22.000 луѓе, и тоа според нивните сопствени бројки. Оваа бројка е доказ за целосниот распад на СДС. Членството масовно бега од бродот што тоне, затоа што гледа дека партијата остана без идеја, без кредибилитет и без иднина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче е само новото лице на старата брука наречена СДС. Човекот што се обидува да го замени Заев, но со иста неспособност, иста нечесност и исто разочарување што го носи на партијата.

Ако ни сопствените членови не го сакаат Филипче, како ли мислат дека народот ќе ги прифати?

СДС стана партија во слободен пад, сведена на внатрешни пресметки, лични интереси и панично спасување на сопствените кариери. Граѓаните одамна ја изгубија довербата, а сега и сопствените членови бегаат од нив.

На крајот од денот, нема реформи што ќе им помогнат – СДС пропаѓа поради сопствените грешки, а Филипче е само новата маска на истото политичко фијаско, додаваат од партијата.

Поврзани вести