
СДС не престанува со лаги. Лага и на денешната прес-конференција. И по едвај 120 илјади гласови добиени додека се на пат на пасокизација, да ја доживеат судбината на левата грчка партија која се распадна, СДСМ продолжува со истите глупости и измислици, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму му порачуваат на СДСМ дека граѓаните кажаа што мислат за „таквите нивнои глупости“.
Со лаги како оваа не се добива доверба кај граѓаните.
Прочитани сте.
Реформирајте се, ставете прст на чело, погледнете се во огледало и престанете да правите штета на државата и како опозиција со истите и повторно истите бесмислености, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонски









