
СДС има обврска да им одговори на граѓаните, кои за седум години власт ги осиромашија, како се стигнува до луксузна јахта вредна 850 илјади евра, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Како Заев, поранешен долгодишен градоначалник на Струмица и премиер, со чиновничка плата стигна до луксузна јахта на која пловат со Венко Филипче по водите на Егејското море? СДС и Филипче мора да одговорот пред јавноста како нивниот поранешен претседател Заев ја купил јахтата и со кои пари и како со плата на државен функционер се станува мултимилионер? Или пак пловилото е купено со пари од државни тендери преку кои ја пљачкаа Македонија? Освен што јахтата е баснословна сума која ретко кој бизнисмен од регионот може да ја си ја дозволи, истата само за одржување на годишно бара огромни трошоци. Односно, годишните трошоци за одржување, сервис, гориво и пристаниште ја надминува годишната плата на еден државен функционер каков што бил Заев. Одговорноста кај СДС и нивниот претседател да даде одговори по однос на ова прашање произлегува од тоа што Заев сеуште има огромно влијание и од страна уште управува со партијата. А и самиот Филипче признава дека се многу блиски и редовно се гледаат со Заев . освен тоа тие имаат и фирми на исти адреси а нивните браќата се влезени во заеднички бизниси, истакнуваат од влајдејачката партија.
Нивната врска е очигледна и затоа повикуваме СДС и Венко Филипче да не се кријат, туку на народот да им ги дадат очекуваните одговори, со кои пари Заев ја купил јахтата, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.