Повторно СДС се однесува како да се „паднати од Марс”. Инфлацијата денес е намалена на 3,5% за разлика од оние 20% во време на СДС, нешто кое што е докажано и може да се провери, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.
„Платите растат на секое поле, во образование, здравство, МВР, Армија, СОЗР, Финансии и во администрацијата.
Економијата во државата оди во правилна насока. Трошоците се намалија преку новогодишната кошничка на Владата. Стапката на БДП е 3%. Сите анализи покажуваат дека се движиме напред“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Но, за се треба време. Она што СДС го направи со економијата изминатите 7 години, потребно е време да се исправи. Затоа граѓаните ни дадоа доверба да ја водиме државата кон подобро, реагираат од партијата.