
За четири години градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека со многу работа, чесно да ги трансформираат општините што ги водат. Меѓу општините водени од ВМРО-ДПМНЕ е и општина Јегуновце, стои во соопштениет на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
На територијата на општината решен е проблемот со поплави, за прв пат регулирано е речното корито на Вардар.
Исто така општина Јегуновце за прв пат формираше јавно претпријатие и за комуналните проблеми се грижи самата општина.
Граѓаните, на неколку села од општината добија питка вода за пиење, нешто што требало одамна да биде решено.
Се инвестира во сите граѓани, се асфалтираат улици, се проширува канализациска и водоводна мрежа.
Обновата на општините не сопира тука, продолжува со уште позасилено темпо.