Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ изборната програма ќе ја прави заедно со граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прави изборните програми за градоначалниците заедно со граѓаните. Како што соопшти денеска, од утре, 27 август, почнува седумдневната теренска акција „Предложи! Вистинската идеја за вашата општина!“ која ќе трае до среда, 3 септември. Од граѓаните ќе се собираат идеи и предлози за проекти кои ќе бидат опфатени во програмите на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Акцијата ќе се одвива во сите општини, во временски период од 17 до 21 часот. На плоштадите или прометните локации ќе бидат поставени штандови каде граѓаните на посебен формулар ќе имаат можност да ја напишат идејата што сакаат да ја видат реализирана како проект од идните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, во истиот овој временски интервал ќе бидат отворени и сите штабови низ државата, каде членовите на партијата, но и граѓаните ќе може да ја дадат својата идеја или предлог за проект.

Освен директниот и непосреден начин, граѓаните ќе имаат можност, своите идеи и предлози за проекти да ги поднесуваат и по електронски пат, на адресата: vistinskataidejazavashataopshtina@vmro-dpmne.org.mk.

-За анализата и преточувањето на идеите и предлозите во изборни проекти ќе биде задолжен тим од ангажирани експерти, професори, истакнати личности од скоро сите струки, како и политичари од партијата со долгогодишно искуство. Задача и обврска на овие експерти ќе биде потребите на граѓаните да ги преточат во конкретни проекти, со финансиска рамка и рок на реализација. Нашите очекувања се масовен одзив на граѓаните, за што е можно подетални и содржајни програми со проекти кои извираат директно од нив, нивните потреби и кои ги решаваат нивните проблеми. ВМРО-ДПМНЕ со народот, ги слуша неговите забелешки, потреби и идеи. Многу пати до сега покажавме дека го слушаме гласот на народот и дека неговите идеи и предлози ги преточуваме во реализирани проекти. Така е и сега, наведува ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести