
ВМРО-ДПМНЕ и Демократската Партија на Турците на Македонија, водејќи се од интересите на граѓаните и членовите на двете партии донесоа одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници, и самостоен настап на претстојните локални избори во одредени општини, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.
ДПТМ ќе настапи со кандидати за градоначалници во три општини, до дека во 24 општини ширум Македонија ќе настапи со свои листи со кандидати за советници.
Во општините каде ДПТМ нема свои кандидати за градоначалници, членовите на партијата ќе дадат поддршка на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, за што е постигнат стратешки договор за меѓусебна поддршка.
Согласно со овој договор:
Во општините каде што Демократската Партија на Турците на Македонија нема да има свои кандидати за градоначалници и советнички листи ќе бидат поддржани кандидатите за градоначалници и советничките листи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Исклучок претставува Општина Конче каде што Демократската Партија на Турците на Македонија има свој кандидат за градоначалник и своја листа со кандидати за советници.
Додека во општина Центар Жупа и во општина Пласница, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја даде својата поддршка за кандидатите на градоначалници и за листите за советници од редовите на ДПТМ.