
Прес-службата на Владата на Обединетото Кралство обавува дека премиерот Кир Стармер, се сретна со премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски на самитот на Европската политичка заедница.
Премиерот почна со поздравување на новото стратешко партнерство меѓу двете земји, со што дополнително се зајакнуваат односите меѓу Велика Британија и Македонија.
Партнерството ќе го нагласи растечкото пријателство меѓу двете земји и ќе сигнализира намера за поблиска соработка на заедничките предизвици, вклучувајќи го економскиот раст, трговијата, одбраната и безбедноста, додаде премиерот.
Лидерите, исто така, разговараа за неодамнешниот договор на Македонија за приклучување кон Заедничката работна група за миграција, дополнително зајакнување на регионалната соработка за спречување на нерегуларни мигранти што транзитираат низ Балканот и спречување на криминалните банди што им помагаат, се наведува во соопштението на британската влада.
Во соопштението се додава дека очекувајќи го самитот на Западен Балкан во октомври, лидерите го поздравија зајакнувањето на пријателствата меѓу Велика Британија и регионот.
Лидерите со нетрпение очекуваат повторно да разговараат наскоро, се додава во соопштението.