
Во Виница, по 100% обработени избирачки места, победи коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Кандидатот Митко Костадиновски освои 54,18% од гласовите (4.449 гласа), додека неговиот противкандидат Гоце Милевски од СДСМ доби 40,43% (3.320 гласа).

Со оваа разлика од над илјада гласови, Виница останува стабилна општина под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, која ја продолжува својата доминација на истокот од државата.

Македонски






