
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на социјалните мрежи сподели како изгледа првата галерија на автопатот Охрид – Кичево.
Во изминатиот период на автопатот Охрид-Кичево на новите свлечишта се извршија дополнителни геоистражни работи врз основа на кои се изработија основни проекти за стабилизација на 14 свлечишта, во вид на т.н. Галерија. Галериите се исклучително комплициран инженерски потфат со кој се решава проблемот со свлечиштата на автопатот Охрид – Кичево. Продолжуваме да ја градиме Македонија, објави вицепремиерот Николоски.

Македонски



