Skip to main content
KtWxgpvmAP4

Венко, пиј си тутун, пиј си кафе, азното од Дубаи само ќе си дојде

Римокатоличката црква избра нов папа. Нов поглавар е Американецот Роберт Превост кој го избра името Лав 14. Колку политиката имаше улога во неговиот избор не знаеме бидејќи нели она што го дискутира конклавата и самиот избор е најголема тајна.

принтскрин

Како што стојат работите и на Бихаќка по локалните избори ќе се бира нов папа. Сдсмовската конклава наречена Централен одбор брои 129 членови, кој од кој непознат. Мислам дека освен домашните друг никој не ги познава.

Да излезат на улица или пак во кафуле тешко дека некој ќе ги препознае. Затоа верниците, во случајот приврзаниците на СДСМ даваат сигнали дека е време за нов папа.Не, со сегашниот папа е се во ред, фала богу и здравствено е во добар Има само една мана, се дружи многу со поранешните папи кои абдицираа од тронот откако видоа дека верниците не им веруваат и не доаѓаат на миси, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“,

Во тој случај има само едно решение, монтирање на оџак на Бихаќа и избор на нов папа. Само кој да го изверат, постарите кардинали се избркани од сегашниот папа или пак од оној што сега е преоблечен во традиционална арапска облека и повеќе е во Дубаи отколку на миса во партијата.

Помладите кардинали пак се навикнати на лесен живот и неработа и затоа не доаѓаат во превид да седнат на тронот на Бихаќка.

На кардиналите во Скопје им се брза да закажат Конклава бидејќи сегашниот папа дава изјави од кои на верниците им останува само да се прекрстат, и тоа три пати.

Сегашниот папа ништо не научил од грешките на минатите и не ја искучува можноста за локалните избори да коалицира со ДУИ.

Со партијата од Мала Речица долго време беа во брак, па малку се поткараа и сега папата сака пак да смират бидејќи Црквата тешко дозволува разводи. Папата сега остро вели дека може пак да коалицираат но оти сега ја научиле лекцијата и ќе барале да се почитуваат принципите. Немој не ме радуј.

Eте на сегашашниот папа му олесна и си призна дека има златна виза за Дубаи. Лидер на СДСМ бил на стенд-бај, додека се снајде со работа во Емиратите .

Со 500.000 долари, колку што чини златна виза во Дубаи може што сака да работат со другар му Зоки.Барем за бизнис ги бива двајцата, за политика се виде дека не се, се наведува во колумната.

Чадот на Бихаќа се очекува веднаш по локалните избори. Ако во Ватикан црниот чад значи дека не е избран нов папа, белиот чад на Бихаќа ако воопшто се појави ќе значи дека е време за ремонт и оти моторот зарибал.

foto collage

Ќе се најде ли мајстор да го поправи или пак автомобилот од Бихаќа ќе оди само во еден правец, кон Мала Речица.

На коалицискиот партнер на Филипче уште не му е јасно како во Швајцарија можело да има четири службени јазици а во Македонија не можело два.

Сега команданте ќе ти објаснам. Многу е просто. Во Швајцарија не постои швајцарска националност туку само швајцарски граѓани.

Еве и вие излезете јавно и кажете дека не сте Албанец кој говори албански јазик туку само македонски граѓанин и одма ќе ви стане јасно.

И уште нешто ако не знаевте, Албанец ја основал Охридската архиепископија а албанскиот јазик бил најстар. Ама па Али е доктор на науки,веројатно знае што зборува.

Оваа недела премиерот Мицкоски и министерот за здравство ќе го испијат кафето наречно сиктер.

Како што реков пред неколку епизоди, Таравари докажа дека не е играч за големи натпревари, туку за малски, локални. Поважно му е да биде ага во Гостивар отколку министер во Скопје.

Тоа е , долгот кон Мала Речица и Ахмети мора да се врати, ништо нема за џабе. Самиот да се бркаш од влада во која беше еден од омилените министри и да се вратиш во прегратките на ДУИ, мора да има голема причина.

Обично таа е во најмалку шест цифри, европски, се разбира, не за џабе се европски фронт.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Каја Калас како со сила да се труди македонските граѓани уште толку да ја замразат Европската унија и нивните таканаречени декократски принципи.

facebook-kaja-kallas
Kaja Kallas

Замислете, ЕУ имала план Б ако Унгарија го блокирала членството на Украина во ЕУ.

Да не мислевте дека за Македонија ќе имаат план Б. Нели не убедуваат дека нема друго решение за Македонија , и тоа не за членство во ЕУ туку само за почеток на преговорите, освен да направиме уставни измени и да попуштиме на Бугарија.

Значи сепак имало и друг начин.

Поврзани вести