Skip to main content

Уставните судии Кадриу и Васиќ-Бозаџиева на средба со претседателот на ЕСЧП, Матијас Гијомар

Можностите за идно институционално поврзување, со посебен фокус на развојот, обуката и унапредувањето на професионалните капацитети на служба на Судот, како и размената на искуства во областа на заштитата на човековите права биле во фокусот на средбата на судиите на Уставниот суд Осман Кадриу и Татјана Васиќ- Бозаџиева со претседателот на Европскиот суд за човекови права, Матијас Гијомар во Стразбур.

Како што соопштуваат од Уставен суд, присутните споделиле исти ставови за важноста и значењето на континуираната размена на знаења и добри практики, како и реализацијата на заеднички активности меѓу Европскиот суд за човекови права и Советот на Европа.

На средбата присуствувале и Светлана Гелева, амбасадор, шеф на Мисијата на Република Македонија при Советот на Европа, Јован Илиевски, судија на Република Македонија во Европскиот суд за човекови права, како и Абел Кампос, заменик регистратор на ЕСЧП.

Средбата се одржала во пресрет на церемонијата на официјалното отворање на судиската година на Европскиот суд за човекови права, која традиционално секоја година се одбележува со тематски семинар, на 30 јануари 2026 година.

Во фокус на судскиот семинар годинава била темата „Заштита на медиумскиот плурализам и демократскиот процес во предизвикувачки времиња”.

Поврзани вести