Skip to main content

Уште 12 повредени од Македонија префрлени на лекување во Србија, тројца во Грција и двајца во Австрија

Уште 12 повредени во пожарот во Кочани вечерва со авион се префрлени на лекување во Белград. Четворица од нив ќе бидат хоспитализирани во Воено медицинската академија, а осум во Универзитетскиот клинички центар, потврдува за МИА д-р Игор Николов, кој е контакт-лице за сите информации поврзани со состојбата на пациентите во странство.

Во Србија досега се префрлени вкупно 29 пациенти.

Двајца повредени, пак заминуваат на лекување во Виена, а тројца во Атина.

Во меѓувреме, на Клиниката за токсикологија во Скопје хоспиталзирани се 10 лица кои имаат интоксикација со гасови. Сите пациенти кои беа на лекување во Кочани се префрелени во Скопје. Уште три лица се донесени на опсервација поради вдишување на гасови.

Во пожарот во дискотеката во Кочани животот го загубија 59 лица, а 155 се повредени. Дел од повредените се хоспитализирани во болниците во земјава, а потешките случаи се префрлени на лекување во странство.

Поврзани вести