Skip to main content

Летото попушта: Денеска ќе биде сончево, ама посвежо, долж Повардарието ќе дува силен ветер

Freepik

Сончево и посвежо време со мала до умерена локална облачност се очекува денеска во земјава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина над 50 километри на час.

Минималните температури ќе се движат од 11 до 19 степени, додека максималните ќе бидат во интервал од 22 до 30 степени.

Во Велес се очекува претежно сончево време со умерен северен ветер, а температурата во текот на денот ќе достигне околу 29 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево, со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14 степени, а дневната ќе достигне 28 степени.

Слично време ќе продолжи и во текот на новата седмица. Според прогнозата на УХМР, ќе преовладува сончево и посвежо време, со мала до умерена локална облачност во текот на денот.

Температурите во следните денови ќе се движат во границите на просекот за овој период од годината.

Поврзани вести