
Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, за определување мерки за обезбедување присуство против седум лица, службени лица во СВР Штип и Полициската станица од општа надлежнот Кочани, осомничени за кривичното дело Тешки дела против општата сигурност, кои доцна попладнево беа спроведени во судот, донесoa решенија со кои:
„Се прифаќа предлогот на ОЈО и на сите седуммина осомничени, им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1, 2 и точка 3 кај одредени осомничени, односно Опасност од бегство, Околности кои укажуваат дека ќе ја попречат истрагата со влијание врз сведоци и околности кои укажуваат дека може да го повторат делото“, велат од Судот.
Кривичното дело за кое се сомничат е поврзано со издавање согласности за функционирање на дискоклубот во Кочани каде се случи пожарот во кој 59 млади луѓе го загубија животот, а околу 200 луѓе беа повредени.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, велат од Основен кривичен суд Скопје.