Skip to main content

Тошковски: Дивоградбите ќе се уриваат ако се утврди дека се проблем за безбедноста на граѓаните

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека една од општините во која вчера е влезено од страна на Одделот за организиран криминал е Општината Чаир. Рече дека полициските службеници влегле и во Сарај и Аеродром, а ќе се прегледува работата и во Општина Кисела Вода.

Сакам да напоменам дека ова се секојдневни активности на МВР. Не е дека јавноста има интерес и се постапува. Ова се тековни активности по кои се постапува секојдневно – рече Тошковски одговарајќи на новинарско прашање за дивоградбите.

Прашан од новинарите што е следно, дали дивоградбите ќе се рушат, Тошковски изјави дека мора да се постапи во согласност со законот.

Ако се утвтрди дека се работи за дивоградба и тоа претставува проблем за безбедноста на граѓаните, секако дека треба да биде предмет на уривање – рече министерот.

Поврзани вести