Skip to main content

Суспендирана е директорката на градскиот водовод во Гостивар, заедно со уште неколку лица

фото: Водовод Гостивар

Директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар Артана Асани е суспендирана заедно со уште неколку лица, кои се одговорни за градскиот водовод, изјави денеска на прес конференција градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани.

За состојбата која владее изминативе денови во Гостивар, ќе се дискутира на вонредна седница на Советот на Општина Гостивар.

Наскоро треба да се состане и кризниот штаб, на кој треба да се носат одлуки за надминување на проблемите со зголемениот број на заболени, рече градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани.

Лимани ги повика институциите да ја завршат нивната работа објективно, и дека ќе соработуваат со нив до расчистување на случајот, и надминување на состојбата.

Локалната самоуправа ќе објави број на кој граѓаните кои не се во можност да обезбедат вода за пиење, да им биде донесена поблиску до нивните домови.

Тој искажа благодарност до сите компании поединци кои деновиве се ангажираа за да се надмине недостигот на вода за пиење.

Поврзани вести