
По повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија со своја честитка излезе и Стојанче Ангелов, актуелен директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
Во својата честитка тој вели: „Она за кое македонските револуционери, комити и партизани, се бореа со оружје, македонскиот народ, во 1991 година, го заокружи со пенкало, гласајќи за самостојна и независна македонска држава. Десет години подоцна, ние, македонските бранители, го одбранивме територијалниот интегритет и суверенитет на нашата татковина Македонија“.
На крајот во својата Фејсбук објава тој порача: „Нека ни е честит 8-ми септември, Ден на македонската независност!“