
Опозицијата покажа дека е спремна на разни тактики за да го отргне вниманието од напредокoт на државата, посочува политикологот и безбедносен експерт Милан Стефаноски, кој во емисијата „За или против“потенцира дека во многу земји намерното подметнување пожари се третира како акт на тероризам за ширење несигурност и револт кај населението и така и се санкционира.
-Опозицијата, генерално, сите овие години наназад покажа дека дното не постои за нив и дека се спремни да преминат на разни тактики за да го отргнат вниманието од напредокот на државата. Во овој случај, мотивот е јасен, се сложувам дека институциите посериозно ја земаа во своите раце, бидејќи пожарите се деструктивни, па во таа смеисла одредени земји во ЕУ и светот подметнувањето на пожари со намера го третираат како терористички акт, затоа што ја имаат истата рефлексија. Значи коа вие имате терористички акт создавате несигурност и револт и тогаш луѓето не се сигурни, гневни се и очекуваат системот да реагира и затоа подметнувањето пожар од ваков обем во некои држави се третира, но и ние можеме да го третираме за терористички акт затоа што вие тогаш освен што ја напаѓате природата и правите еколошки геноцид и генерирате многу финансии во обнова на природата, можат да настрадаат и човечки животи. Бевме сведоци дека такво нешто, за жал, се случи и во Македонија, неколку луѓе го загубија животот, потсетува Стефаноски.
-Вториот елемент е мотивот, зошто некој применува ваква тактика? Тоа е затоа што немате други тактики во својот ракав и затоа што вашиот политички опонент, во овој случај ВМРО-ДПМНЕ добро ја тера работата и ја доведува државата во ред, иако треба време имајќи предвид што наследија од 7 години уништување на минатата власт на СДС/ДУИ, после една година е невозможно сите точки да ги корегирате, така она што на вас ви останува – а немате идеи, е да примените вакви злонамерни тактики кои на крајот на денот беа поткрепени со чести прес-конференции посветени токму на таа тема, бидејќи друга тема тие и немаат. Или е трагедијата во Кочани или се пожарите. Така што во недостиг на тактики, тие можат да применат и според информациите што ги имаме фатени се подметнувачи кои имаат полтички врски со опозицијата и кои намерно предизвикувале пожари. Во таа смисла, мене не ме чуди такво нешто од нив во однос на ова. Граѓаните треба да си пресудат и да го кажат своети ан избори. Државата добро се справува со ова и покрај лимитаираните капацитети за справување со невоени закани, во кои треба да се инвестира во иднина, анализира Стефаноски за ТВ Алфа.