Skip to main content

Средба на лидерите на „Вреди“, се разговара коалицијата да делува како еден политички субјект

МИА

Лидерите на „Вреди“ денеска одржуваат средба на која, меѓу другото, се разговара  партиите од коалицијата да делуваат како еден политички субјект. Тие уште еднаш потврдија дека Владата е стабилна и дека нема потреба од предвремени парламентарни избори. Интензивно течат подготовките за локалните избори во октомври на кои „Вреди“, како што беше речено пред средбата, освен со партиски, ќе настапи и со независни кандидати за советници или градоначалници, граѓани кои се професионалци во својата област.

Интенција во албанскиот и македонскиот кампус, секаде каде што има плуразлизам, е да им дадеме можност на граѓаните да бираат. Затоа се договоривме, сите политички субјекти да се „стопат“ во „Вреди“ и граѓаните на локалните избори во октомври втор пат да имаат можност да бираат меѓу ДУИ и „Вреди“. Тоа се двата политчки табора во албанскиот капмус. Денеска се очекува да се консултира централното претседателство на коалицијата по што ќе известиме за наредните чекори. Најверојатно ќе има формирање штабови, избор на советнички листи и градоначалници. „Вреди“ има донесено одлука не само да биде еден политички субјект, туку и да се отвори кон граѓанскиот сектор, кон професионалците, најдобрите Албанци да ги понуди во советничките листи и за кандидати за градоначалници. Не мора некој да има партиски дрес ако е добар. Ќе има случаи и на независен кандидат да биде поддржан од „Вреди“, да се заокружи победата од парламентарните и на локалните избори и да продолжиме со промените, да ги чувствуваат граѓаните, изјави претседателот на Демократското движење, прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Тој претходно, на прес-конференција во Владата, одговорајќи на новинарски прашања, соопшти дека вечерва нема да се одлучува кој ќе биде претседател на „Вреди“, туку дека треба да се конституира претседателство на коалицијата.

Кога сме кај „Влен“, ние имаме партнерство и не ги мериме работите со вага, бидејќи нашата битка не е мерење, туку нашата битка е да го победиме Европскиот фронт како што го победивме на парламенатрните избори и сега да го победиме на локалните. Раководството на „Влен“ го сочинуваат четири политички субјекти, со рамноправност меѓу три субјекти и самоопределување е дух кој е важен, не поради бројката, туку поради политичката идеја и духот.  Не гледам никаква потреба, ниту за размислување за предвремени избори, ниту бројките го наложуваат тоа, ниту ситуациите. Има стабилна Влада, која можеби има најголем број пратеници од конституирање на Република Македонија па до денес. Мнозинството е стабилно, сигурно и во историјата на Македонија не знам некоја друга влада која имала таков висок број на пратеници. На локалните избори граѓаните ќе го оценувааат „Влен“ како концепт или Европски фронт на другата страна. Се работи за два политички субјекта каде граѓаните повторно ќе имаат плурализам, можност да бираат, едната или другата. Ние сме фокусирани на реализирање на програмските точки од нашата програма. Сакаме да ги реализиарме тие што не ги реализаа 20 години. Тие бараат шанса или избори, а ние решаваме тоа што немаат направено за 20 години, како што е проектот за канализација во Кичево, подвлече Меџити.

Според него, формирањето изборен штаб, кандидатите, анкетите и сите останати активности за локални избори ќе бидат предмет на новото претседателство на „Вреди“.  

Аднан Азизи од Движењето Беса попладнево, пред средбата на лидерите на „Вреди“, изјави дека ќе има многу теми за дискусија. И тој е дециден дека нема потреба од предвремени парламентарни избори, а ДУИ, како што рече, на претстојните локални избори ќе доживее дебакл.

Денешната средба е во рамки на редовните состаноци што ги одржуваме секоја недела, има многу теми за дисксуија, по состанокот ќе има информација за сите одлуки што ќе се донесат. Владата е стабилна и нема причина за предвремени парламентарни избори. ДУИ бара предвремени избори за да ја дефокусира јавноста. Ако мислат дека се силни, ќе има локални избори, но јас сум убеден дека ќе доживеат дебакл и ќе одат во пензија, изави Азизи. 

фото: МИА

Поврзани вести