Skip to main content

Средба Мицкоски – Вадефул: Теми на разговорите продлабочување на соработката, регионалните предизвици и нови заеднички иницијативи

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва имаше средба со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, кој престојува во работна посета на земјава во рамки на турнејата во земјите од Западен Балкан.

На средбата, како што е објавено на Фејсбук профилот на премиерот Мицкоски, станало збор за тековните регионални предизвици и можностите за заеднички иницијативи.

Денеска остварив средба со германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул. Разговаравме за продлабочување на соработката меѓу двете земји, тековните регионални предизвици и можностите за нови заеднички иницијативи, се наведува во објавата на премиерот Мицкоски.

Претходно вечерва беше најавена средба на Вадефул и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Поврзани вести