
Денес сме пред ОЈОГОКК, по не знаеме кој пат да потсетиме за основната обврска што ја има оваа институција, а тоа е почитување на законите и владеење на правото во Република Македонија, велат во своето соопштение од Синдикатот на Полиција во Македонија – СПМ.
Целта на денешната реакција на Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ до ова обвинителство е поради тоа што на ден 03.09.2021 година СПМ поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи О.С, поранешниот помошник министер за правни работи и судски постапки В.Д. заради основано сомнение дека истите со незаконско работење и со предизвикување на повеќе од 25.000 поднесени тужби, причиниле штета на буџетот на МВР во износ над 25 милиони евра.
Затоа денес, СПМ јавно го прашува ова обвинителство дали до сега има преземено било какви мерки и дали единствено чека ова кривичното дело да застари, за потоа да се произнесе и кривичната пријава да ја отфрли како застарена.
Ги повикуваме сите надлежни институции од државата соодветно да реагираат и конечно правдата во Македонија да завладее, законите мора да важат во оваа држава за сите, стои во соопштението на СПМ.