Skip to main content
T24Eib1rBk4
ИНТЕРВЈУ СО САШО ТОПАЛОВСКИ, НАЧАЛНИК ВО СВР СКОПЈЕ

Специјални возила поврзани со „Сејф сити“ ќе контролираат непрописно паркирање и застанување на главните сообраќајници во Скопје

Главната цел на проектот „Сејф сити“ е да се обезбеди што поголема безбедност на учесниците во сообраќајот како и на пешаците. Ако пресметаме дека сите поголеми несреќи во државата кои се случија се со помал број жртви од годинашните 142 жртви во сообраќајот, што е поразително, вели Сашо Топаловски, началник во СВР Скопје. Тој во интервјуто за „Република“ нагласува дека целата на системот „Безбеден град“ не се казните и осиромашувањето на граѓаните туку да се создаде безбеден сообраќај и ќе знаеме дека секој вози безбедно.

Целта не се казните туку да создадеме сообраќајна култура. Последните бројќи покажуваат колку на граѓаните им е потребен овој проект. Бројот на паднати опомени покажува дека граѓаните реагираат позитивно, вели Топаловски.

Ќе има ли толераниција за пречекорување од неколку километри на час над дозволеното?

Топаловски: Законската регулатива за движење во градска зона е 50. Проценка на сите инжинери е дека при брзина од 50 километри на час секоја реакција на возачот е благовремена и смртните последици се невозможни. За од 0 до 10 километри на час казната е 10 евра или на половина 5, или онаа што е над 10 километри на час до 30 е 45 евра. Тоа се казни за да ви текне дека правите грешка и дека таа казна може да е кобна. Никој во МВР не може да одлучи колкава ќе биде таа нивелација туку системот ќе ни покаже кој ситем од другите земји ќе го земеме за репер. Сега само тестираме дали со 52 или 55 го добиваме нивото на безбедност. Ова и ние го знаеме и заедно со граѓаните планираме статистички да пресметаме и да објавиме кој систем на нивелација ќе го избереме. И камерите кои се нивелирани во Биро за метрологија покажуваа нивелација од еден до два проценти. Ги анализираме сите европски земји и заедно со граѓаните во една јавна дебата ќе одлучиме. Толеранција има и на сегашните радари. Да не се тревожат траѓаните, ова е тест фаза.

Ќе има ли со казната и фотографија од прекршокот?

Топаловски: Од следниот период ќе има и фотографии. Разгледуваме неколку опции. Системот може да го слика и целото возило, може да го слика и горниот дел заедно со таблиците. Размислуваме и да го заматиме . Кога се работи за поминување на црвено светло ја снимаме задната таблица и ќе се гледа задната шофершајбна и моментот на поминување на црвено светло. Камерата има свои опции на движење кои се строго дефинирани каде е зелена зона кога треба да прикочите. Жолтото светло не е за поминување туку да се припремите да застанете. Речиси сите сообраќајници во Скопје се направени со трепкач на зеленото светло, тоа трепка три пати пред да се уклучи жолто светло. Жолото светло и законски е наведено дека не е за да поминете туку да застанете. Тоа е припрема за застанување. Ако вие како возач. Ако вие како возач го забележите жолото светло вие нема да кажете зошто сте поминале, не сте безбедни самите вие. Жолтото светло е за да ве предупреди дека треба да застанете. Вие може да поминете на зелено и кога ќе поминувате на раскрсницата тоа да стане жолото и тогаш нема да ве регистрира системот. Камерата има прецизна зона каде треба вашата таблица да се најде, каде треба да навлезе вашето возило во раскрницата после пешачкиот премин за да ве сними заедно со црвеното светло. И тука има непобитен доказ, го гледате вашето возило со регистрацијата влезено во раскрсницата и горе го гледате црвеното светло. На жолто светло се кочи и се припрема за следното тргнување. Можеби и на другата страна некој истото вика ако помине на жолто.

Може ли да влијае човечки фактор на системот?

Топаловски: Проектиран е да не може да влијае човечки фактор поради тоа што сѐ компјутеризирано и дигитализирано. Системот сѐ прави сам. Ве внесува во системот, ја испраќа пораката, снима и го пакува во фајл. Нема можност човек да ве извади од систем за да не добиете порака и прекршочен платен налог.

Што е со полукружното вртење?

Топаловски: Камерите ќе санкционираат и полукружното вртење. Освен на оние места каде што нема знак дека е забрането. Полукружното вртење претставува голем безбеносен проблем. Мора да се почитува-објаснува началникот.

Казни се предвидуваат и за погрешно престројување. Што тоа точно значи?

Топаловски: Кога се движиме од точка А до точка Б е нормално е да се престроиме, но и нормално е да го направиме тоа со време, да не чекаме на последните пет метри да ни текне од крајна десна во крајна лева лента. Тоа е ризично и многу верижни случаи се поради престројување.

Ќе има ли оваа фаза казни за зборување на мобилен и неврзување појас?

Топаловски: Камерите имаат големи можности. Тоа е следна фаза бидејќи за тоа треба докажување и да се види лицето дека навистина зборува на мобилен, ќе ја видиме и законската регулатива дали е тоа заштита на личниот интегритет.

Kaзни ќе има и за погрешно паркирање и застанување?

Топаловски: Има сообраќајници каде е строго забрането паркирање и застанување.Едно е да застанете друго е да се паркирате, но има знаци каде што тоа тоа е строго забрането. Ги замолувам граѓаните на тие места да не запираат и паркираат, макар и привремено затоа што има и други места каде што законски три или пет минути да се застане. Системот понуди решение-а тоа се специјализирани полициски возила кои се опремени со камери кои се поврзани со системот „Сејф сити“. Во нив полициски службеник кој управува и полициски службеник кој го гледа мониторот, поминуваат по главните сообраќајници и ги сликаат сите возила кои се паркирани и пијат кафе. Додека го пијат кафето ќе им стигне порака дека штотуку им стигнал прекршочен платен налог. Тогаш ќе сфатат дека наместо да платат кафе кое ќе чини 1500 денари ќе биде подобро да се паркираат на безбедно место и кафето да ги чини многу поевтино.

Кој е рокот за плаќање на казните и има ли можност за жалба?

Топаловски: Кога ќе го сторите сообраќајниот прекршок имате имате 24 часа за да ви стигне првата порака дека сте стотиле прекршок и да отворите на следниот линк и вие имате рок да го отворите тој линк. Да го земеме сценариото дека ја отварате, таму ја имате казната и ви тече рокот од 8 дена да ја платите или не ја плаќате и чекате жалба во судот. Да одиме со сценариото дека нема да ја отворите пораката за 24 часа, ќе ви стигне нова во која ќе стои дека имате порака која имате рок да ја отворите од осум дена и таму ви е линкот за прекршочниот налог. Кој ден и да ја отворите од тој ден ви почнува рок за приговор. Ако ја отворите петиот ден пораката имате осум дена да ја платите пола и да завршите или да се жалите дека не сте возеле вие, да го донесете лицето или да донесете изјава кој возел. Сето ова е во рокот од нови осум дена. Жалбената постапка во судот за прекршоци е на терет на оштетениот. Вие треба да отворите приговор a наш е теретот за доказната постапка пред судот. Кога ќе се спореди снимката другата страна нема да има аргументи. Ако и првите осум дена не ја отворите пораката, во следната порака ќе ви стигне дека сте го изгубиле рокот за плаќање половина. Следните осум дена ви се за плаќање цела сума или да вложите приговор кон МВР што оди во суд. Ако и во вторите осум дена ви не ја отворате пораката тогаш го губите правото на првите осум дена за пола сума, го губите правото на вторите осум дена бидејќи не сте ја отвориле пораката, не се интересирате, но ниту сте поднеле приговор. Во тој случај МВР преку системот на УЈП ви го одземе парите од сметка. Не се исплати за пет евра или 23 евра да влегувате во доказна постапка, да правите трошоци и на крајот да ви докаже судот дека ве има на слика кој е непобитен доказ. Треба да сфатите дека сте направиле грешка, тоа е идејата и да си речете од денеска ќе почнам да возам правилно. Ако сте ја заслужиле невозможно е да избегнете плаќање на казната.

СЕ ШТО ВЕ ИНТЕРЕСИРА ЗА СИСТЕМОТ БЕЗБЕДНОСЕН ГРАД СЛУШНЕТЕ ВО ВИДЕО РАЗГОВОРОТ СО НАЧАЛНИКОТ ТОПАЛОВСКИ

Новинар: Игор Чавески

Монтажа: Aлександар Арсовски

Поврзани вести