Skip to main content

Советот на Јавни обвинители избра четворица нови обвинители за организиран криминал

Советот на јавни обвинители на денешната седница избра четворица обвинители за организиран криминал: Александар Маркоски, Енѓелуше Кадриу-Леши, Ана Гоговска-Јакимовска и Ана Стојковиќ-Димитровска.

Советот на јавни обвинители денеска не избра шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје гласаше, но не избра Виш јавен обвинител на Скопје, по повлекувањето од функцијата на Мустафа Хајрулахи.

За местото беа пријавени: обвинителката Фатиме Фетаи, Владимир Милошевски кој лани беше унапреден во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јасмина Крстевска- Здравевска од ОЈО Скопје и Артан Ајро од ВЈО Скопје.

Поврзани вести