
Сабри Азири, еден од блиските соработници и советник на Арбен Таравари се спротистави на одлуките на неговата партија. Тој преку неговиот Фесјбук профил порача дека должност е граѓаните и гласачите да не се остават на милост и немилост и да се предадат во други раце.
„Алијанса за Албанците е над сѐ!
Карактеристиките кои нас нѐ опишуваат се: градење на функционална држава, борба против криминалот и посветеност кон реформската агенда. Ова е адресата каде што ќе се обрати секој граѓанин кој тежнее за европската перспектива на оваа мала и напатена држава. Наша должност е нашите граѓани и нашите гласачи да не ги оставиме на милост и немилост, да ги предадеме во други раце. Народот и гласачите ни го дадоа гласот за да ги претставиме во најдобро светло. Не за да ги изневериме, пишува Азири.
Тој посочува дека на последниот состанок се спротиставил на одлуките на партијата и потенцира дека нема да се делат ниту да ја предадат партијата.
„На последниот партиски состанок, пред највисоките партиски органи, јавно кажав: Кој мисли да дојде со мене за заедно да продолжиме да ја водиме Алијансата за Албанците во правец за кој мандат ни дадоа гласачите – повелете да одиме напред!
Кој има поинаква замисла – нека си продолжи по друг пат!
Јас и таквите како мене нема да дозволиме уште еднаш да се делиме ниту да ја предадеме Алијансата за Албанците во туѓи прегратки“, напиша Азири.