Skip to main content

Собраниска делегација во студиска посета на Националното собрание и Сенатот во Франција

Делегација на Собранието, предводена од генералниот секретар Марина Димовска, престојува во студиска посета на Националното собрание и Сенатот на Француската Република.

Како што информира собраниската прес-служба, Димовска оствари средба со својот колега, генералниот секретар на Сенатот, Таверние. На средбата соговорниците разменија мислења за важноста на професионалната служба во парламентарната дипломатија, како и за значењето на транспарентноста на процесите кои ги спроведува службата. Заклучија дека оваа посета е основа за продлабочување на соработката на ниво на служби во сферите на законодавството, комуникацијата со јавноста, ИКТ, како и реципрочни студиски посети во билатерален формат и во формат на регионални средби, со учество на генерални секретари на Парламенти од ЕУ.

Димовска присуствуваше и на седница на сенаторски прашања до Владата.

Делегацијата предводена од Димовска оствари средби и со раководителот на Службата за европски прашања, о Моал, а фокус беа активностите и делокругот на работа на Комисијата за европски прашања, нејзината надзорна улога и актуелни теми во Европската унија кои се од интерес и на службениците во парламентите на членките на Унијата и на земјите – кандидати за членство.

На средбата со директорката за ИКТ системи, Ан Маркан беа компарирани програмите со кои работат Сенатот и Собранието, системите за електронско гласање, апликациите кои ги развиваат ИКТ секторите, моделите за дигитализација на законодавниот процес, како и начелата за употреба на вештачката интелигенција.

Студиската посета на Сенатот продолжи со средба со претставници на Секторот за законодавство и контола и Секретаријатот за анкетна комисија за користење јавна помош, каде соговорниците се фокусираа на надзорот врз имплементација на законите, механизми за унапредување на надзорната улога на законодавната врз извршната власт, како и работата на анкетните комисии за надзор врз Владата.

Поврзани вести