Skip to main content

Смарт-Делчево нова дигитална алатка за поголема транспарентност и ефикасност на Општина Делчево

Општина Делчево почнува процес за имплементација на нова административно-дигитална платформа под назив „Смарт Делчево“. Како што информираа од Општината, целта е унапредување на транспарентноста, ефикасноста и комуникацијата меѓу локалната самоуправа и граѓаните.

Новата платформа предвидува воспоставување јавен дигитален систем за поднесување, следење и реализација на предлози, иницијативи, идеи и пријави од граѓаните, месните и урбаните заедници, како и од граѓанскиот и бизнис-секторот. Преку системот, корисниците ќе имаат можност во секое време да го следат текот и статусот на својата иницијатива или пријавен проблем“, информираа од Општина Делчево

Оттаму додаваат дека платформата ќе биде целосно усогласена со позитивната законска регулатива, како и со внатрешните процедури, протоколи и постапки на општинската администрација.

Како што истакна градоначалникот Иван Гоцевски, целта на дигиталната алатка е поефикасно и побрзо постапување по пријави кои се под ингеренција на Општина Делчево, ЈКП „Брегалница“ и ТППЕ Делчево, при што граѓаните ќе имаат целосен увид во текот и исходот од решавањето на секој поединечен случај.

Веќе се преземени конкретни активности за воспоставување на платформата, која, како што посочи, значително ќе го подобри функционирањето на општинската администрација и ќе овозможи побрзи и поефикасни услуги за граѓаните и стопанството“, истакна Гоцевски. 

Овој иновативен проект како што подвлече се реализира како дел од програмата за работа, која доби недвосмислена поддршка од граѓаните на локалните избори минатата година.

Поврзани вести