Skip to main content

Словенија му донираше противпожарно возило на Берово

Системот за противпожарна заштита во Општина Берово е унапреден со специјално противпожарно возило, донирано од Доброволното противпожарно друштво Битње од Република Словенија. Донацијата денеска официјално беше примена во присуство на претставници од Територијалната противпожарна единица Берово.

Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, истакна дека станува збор за донација од исклучително значење за подобрување на подготвеноста и ефикасноста при справување со пожари.

-Уверен сум дека возилото ќе овозможи поефикасно и побрзо справување со пожарите и ќе придонесе за поголема безбедност на нашите сограѓани, како и за заштита на нашите природни богатства – изјави Ружински.

Тој упати посебна благодарност до пратеничката и сограѓанка Сандра Газинковска, нагласувајќи дека нејзината лична заложба имала клучна улога во реализацијата на донацијата и во поврзувањето на заедниците.

-Оваа донација е пример за хуманост и општествена одговорност и претставува продолжување на искреното пријателство и плодната соработка меѓу нашите општини, која во иднина ќе се продлабочува преку нови заеднички иницијативи и проекти од заемен интерес“, додаде градоначалникот Ружински.

 Благодарност градоначалникот на Берово упати и до неговиот колега од Општина Крањ, како и до претставниците на Доброволното противпожарно друштво Битње, за донацијата и за подготвеноста за соработка

Поврзани вести