
Групата Ганс анд розиз се врати на сцена. Рокерите повторно грмат. И македонските пиштоли и рози се вратија. Честито старо-нова коалиција. СДСМ-ДУИ-ЛЕВИЦА пак ќе се зближат за локалните избори. Како велат, старата љубов тешко се заборава. Гарант СДСМ барал пак да се фатат со ДУИ, а овие од Левица конечно ќе бидат со оние на оние припаѓаат. И политички и идеолошки, коментира авторот на колумната „5 минути со Чавез“.
“Велком ту д Џангл“ во траење од пет минути.
Каква коалиција ќе биде ова, за мерак. СДСМ ќе го поддржи Бујар Османи на Дижонска и Џон Кенеди. До кое дереџе се дојдени ДУИ може да се види што оној што го распродаваше македонскиот иденитет на Бугарите ќе отиде во Чаир и ќе зборува за проблемот со канализацијата на пример, А оние на Дижонска и Џон Кенеди се разбираат и во евроинтеграции. И СДСМ на ова ќе ракоплеска. Па тоа мора да се види,коментира авторот на колумната.
Ама и ДУИ ќе им вратат. Еве помош од Мала Речица и Чаир ќе дојде за Каја Шукова за градоначаалник на Скопје. Од лошо полошо. СДСМ конечно најде некој кој ќе глуми кандидат за градоначалник за главиот град. Ја знае ли некој Каја.

Да излезе на улица гарант никој нема да ја препознае. Еден нема да рече еј ене Каја, ќе гласам за неа.
Ние што мора да следиме политика Каја ја знаеме кога беше министерка за животна средина Скопје беше најзагаден град на светот, конкуренција ни беа само градови во Пакистан и Индија. Сега гарант на изборите ќе ветува алпски воздух. Или ајро како што викаше Заев.
Ах Каја кој те прелажа да се впуштиш во ова .Ако си го напалтила добро тогаш е во ред, Ама ако не, во октомври ќе ти ја пејат оваа песна.
СДСМ подобро да го кандидираа Чомбе. Па него барем го знаат сите локални испичитури што дремат по кафани на Боемска.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче изгорен е да биде во друштво на премиерот Мицкоски.
Пак бара лидерска средба. За да има лидерска средба ти треба да бидеш некаков лидер а не партијата да ти ја води Заев од Дубаи. Еве Мицкоски ќе се смилува и ќе те викне на кафе и што ќе зборувате. Еве можеш да му кажеш на премиерот дека тебе ич не ти чуе и дека одма би ги внел Бугарите во Устав а после што биде ќе му ја мислиме ние, оти ти онака по изборите нема да бидеш веќе на чело на СДСМ.

Мицкоски пак ќе те потсети дека нема никаков абер од кај твоите во Бугарија за предлогот што го даде за заедничка резолуција во Европскиот парламент со која ќе се гарантира вековниот македонски идентитет и јазик и оти ако ги внесеме Бугарите во Устав тогаш само ќе ги почнеме преговорите и ништо друго.
А Бугарите дури тогаш ќе се осилат и следното барање ќе биде да речеме Илинденското востание или Гоце Делчев.
Ако не ги дадеме нема продолжување на преговорите. Ама ти Венко гарант и нив би ги дал, или би ги продал како фирмата во Петрич што заборави да ја пријави. Не можеш се да памтиш. Не се стигнува, Дубаи, Петрич, Струмица,малку ли е за памтење.
Уште не можеме да ја заборавиме вистинската Катица Јанева сега ќе биде актуелна нејзината двојчничка.
Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска оди на суд за оддавање службена тајна.

За што се работи
Тања од позиција на прв човек на корупциската комисија на свој пријател, обвинет во случајот „Адитив“ преку вибер и ватспап му кажувала информации за тоа дали се водат постапки против него.
Си се допишувала Тања со пријателот подолго време. Гаранат и не ги бришеле пораките и си куцкале лабаво иако и да ги избришат денеска сѐ може да се врати.
Не знам уште колку има да одлежи Катица, но ако Тањче биде обвинета треба да ги стават во иста ќелија во Идризово.
Сигурно ќе имаат што да си кажат. Едната во затвор ја однесе алчноста и Боки 13 а другата Вибер и Ватсап.
Сите експерти и професори по енергетика да ги фрлите диплпомите. Еден Душко Заев ви држи лекции како се вртат милиони од бизнисот со струја. Синот на поранешниот премиер лани заработил скоро еден милион евра од производство на струја и тоа на 21 година. Кога нешто не му јасно ги прашува колегите Вице Заев и Панче Заев кои се во истиот бизнис.
Значи овие Заеви за сѐ ги бивало. Од ајвар, корнишони, струја, пиперки, лубеници во Горњи Милановав, или беше долни. За марихуана пак се експерти, го имаат поседено цело струмичко поле.
Има работа за тој што сака да работи.
Глушецот Георг уште еднаш ја покажа својата понизност кон главниот глодар Бојко. Мишката му ја бакна раката на стаорецот и му се поклони. Ваква понизност не сме виделе од времето кога Стево на Бојко му викаше „Кај си љубави“.