
Денеска, оддадов почит на македонскиот револуционер Никола Карев, претседател на Крушевската Република, кој заедно со своите соборци, Илинденци ја започна борбата за слободна македонска држава.
Положив свежо цвеќе на неговиот гроб во „Македониум“, на споменикот на хероите на месноста „Слива“ и присуствував на панихидата во храмот „Св. Никола“ во Крушево.
Нека е за многу години Илинден, објави на Фејсбук, Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова.