
Се јави и вториот човек на НАТО Радмила Шекеринска да го пофали воениот сојуз меѓу Косово, Албанија и Хрватска. Јак колку што знам Косово не признаена држава од неколку членки на НАТО, а згора на тоа според Резолуцијата 12 14 на Обединетите нации не ни смее да има војска, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“,
Што би рекол претседателот на Србија, Александар Вучиќ кога Шекеринска ќе се појавува кажува малку но глупо, а згора на тоа и надвор од секаква логика. Наместо да чепка теми кои се осетливи за секого на Балканот, како што се формирање на воени сојузи, Рада е подобро да каже што барала во Специјалното јавното обвинителство заедно со Заев да носи материјали како што откри поранешната обвинителка Лејла Кадриу. Демант од Заев досега немаше. Туку ај Зоки не знае кај поправо да реагира, дали за дрогата или за СЈО. Ама ни од Рада нема никаква реакција. Туку ајде, што ќе демантира, таа е од големото добро утро.

Македонски



