
Деновиве дел од медиумите објавија дека Стефан Кирков, кој е најверојатно новиот директор на Зоолошката градина во Скопје, е лице осудено за измама со продажба на кучиња во 2016 година. Овие наводи остро ги демантира Кирков кој тврди дека се работи за оркестиран напад од круговите кои не се среќни од неговото именување за прв човек на зоолошката.
Ги следам натписите и дел од коментарите во врска со моето минато. Тие оркестрирано излегоа од како се рашири информацијата дека ја превземам менаџерската позиција на Скопската Зоолошка градина, истакнува Стефан Кирков.
Вистина е дека имам потврда од надлежни институции дека не сум осудуван со што целосно ги исполнувам сите законски услови за позицијата која се споменува. Јас знам дека моето предводење на Зоолошката не ги прави среќни одредени кругови и табори, но мене целта ми е заедно да допринесеме за напредна и успешна Скопска приказна со нашата Зоолошка градина. Сите кои добро ме познаваат, знаат дека целиот мој живот го посветив на животните и хуманиот пристап во начинот на нивното живеење. Јас никогаш не би направил нешто што ќе предизвика или направи штета на било кое животно или единка, пишува Кирков на социјалните мрежи
Тој посочува дека има одлични планови за Скопската Зоолошка градина за да прерасне во центар на Балканот и да се носи рамо до рамо со околните Зоолошки центри под ЕАЗА- Европската Асоцијација за Зоолошки и аквариуми.
Нападите врз Кирков од страна на дел од медиумите, посочуваат дека тој уште не седнат во директоркската фотелја, закажува сосtаноци и се претставува како нов директор
Од СДК.мк пишуваат дека не добиле одговор од градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, дали е назначен нов директор на Зоолошката градина.
Кирков изјавил дека уште не е официјално назначен на функцијата, но тоа треба да се случи деновиве.
Освен ова СДК.мк пишува дека Кирков е лице осудено за измама.
До СДК.мк читатели испратија пресуда од Основниот кривичен суд Скопје во која лицето С. Ќ. е осудено за измама во 2016 година. Како што стои во пресудата, тој е осуден на затворска казна од 6 месеци, која нема да се изврши доколку во рок од една година не стори друго кривично дело. Како што стои во пресудата, С. Ќ. продавал куче за кое лажел дека имал педигре, по што оштетеното лице го тужел и го добил случајот, пишува порталот.
Според СДК.мк во пресудата стои дека тој е осуден на затворска казна од 6 месеци, која нема да се изврши доколку во рок од една година не стори друго кривично дело. Како што стои во пресудата, С. Ќ. продавал куче за кое лажел дека имал педигре, по што оштетеното лице го тужел и го добил случајот, пишува порталот.
На нашето прашање дали е осуден за измама со продажба на кучиња во 2016 година, Ќирков ни рече дека тоа не е точно, дека тој случај бил оспорен и ни прати документ за неосудуваност. Документот е изваден на 12 јули 2025, му требал за работа во Хрватск, пишува СДК.мк.

Македонски






