Skip to main content

Се пушта во употреба реконструираното Одделение за управни работи

МИА архива

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денека ќе присуствува на пуштање во употреба на целосно реконструираното Одделение за управни работи – Скопје во зградата на МРТВ. 

Како што сопштија од владината прес-служба, вкупната вредност на проектот (приземје + 1 кат) опфаќа 2.300 метри квадратни, односно 48.000.000 денари. Завршена е прва фаза на проектот, реконструкција на најголемиот дел од приземјето од 1.300 метри квадратни.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски. 

Поврзани вести