
Во врска со информациите објавени во медиумите за здравствената состојба на Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, ја информираме јавноста дека тој вчера беше хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, се вели во соопштението од Собранието.
Здравствената состојба на Гаши е стабилна, а во моментов се вршат детални лекарски прегледи. Сите понатамошни информации ќе бидат навремено доставени до јавноста од надлежните институции, истакнуваат од македонското Собрание.