
Приведените бизнисмени Ратко Капушевски и Асмир Јахоски се уште се во полициска станица и се очекува во попладневните часови да бидат изведени пред Судија на претходна постапка. Според„Сител“, МВР ја доставило кривичната пријава до јавниот обвинител од Организиран криминал и корупција и во моментот се подготвува наредбата и барањата кои ќе бидат изнесени пред судијата.
Во вчерашната акција на Бирото за јавна безбедност и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција приведени се повеќе лица меѓу кои и сопствениците на Пуцко Петрол и РКМ. Според неофицијални информации, станува збор за злоупотреби при набавка на мазут од сомнително потекло и квалитет. Претпоставките се дека мазутот бил увезен со високо ниво на сулфур и тешки метали што се закана за загадување на водата и почвата, но и за здравјето на луѓето.
Извор Сител