Skip to main content

СДСМ: Владата треба да ги спроведе неопходните реформи за членство во ЕУ

Наместо реформи го слушаме Мицкоски секојдневно со анти-ЕУ наратив, анти ЕУ кампања. Денеска повторно ја нападна ЕУ и ја обвини опозицијата. Не може опозицијата да ги спроведе реформите, Владата треба да ги спроведе неопходните реформи за членство во ЕУ, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

СДСМ со своите државнички политики ја внесе земјата во НАТО, го одболокираше закочениот пат кон ЕУ и обезбеди признавање на македонскиот јазик.

После 2 години влада на Мицкоски европскиот пат е закочен, реформите не се спроведуваат, се исмислуваат нови конфликти со соседите.

Европската Унија не врши булинг, таа бара исполнување на реформите: независно правосудство, слобода на медиуми, борба против корупција и организиран криминал. 

Наместо тоа, гледаме дека власта на Мицкоски спровеведува целосна контрола врз обвинителство и судство, МВР е во служба на партијата власт,  задушување на медиумите преку моделот на Орбан, секојдневни црни кампањи и измислени афери.

Тоа не е политика на реформи туку на изолација.

Европа пред само неколку дена ни даде јасна перспектива, можност за членство до 2027 година, заедно со другите земји од Западен Балкан.

Црна Гора и Албанија напредуваат. Зошто ние не? 

Затоа што ВМРО-ОКГ не сака ЕУ. 

Сака да остане во изолација за да може несметано да влијае на тендери, да контролира институции и да избегнува одговорност.

Тоа не е политика на интеграција.  Тоа е политика на изолација и сопствена саботажа на европската иднина на земјата“, велат од СДСМ.

Поврзани вести