Skip to main content
ajCzi86WE5M

СДСМ се надева на ново „Пржино“ за да намириса власт барем на неколку месеци

На денешната лидерска средба една од темите ќе биде укнување на техничката влада која беше усвоена по политичката криза пред десет години, прислушуваните разговори и Шарената револуција. Т.н Договор од Пржино беше потпишан на 2 јуни 2015 година во скопското населба Пржино, при што подоцна беше финализиран и со протокол на 15 јули 2015.

Го потпишаа претставниците на четирите партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ И ДПА во присуство на претставниците на ЕУ. Со него се овозможи враќање на тогашната опозициска СДСМ во Собранието, оставка на тогаш актуелниот премиер Никола Груевски 100 дена пред изборите и формирање на техничка (преодна) влада. За ова да се спроведе во дела се напраија измени во Законот за влада кој е во сила и денеска.

Со техничка влада се одржаа изборите 2016, 2020 и последните 2024 година

ВМРО-ДПМНЕ и кога беше во опозиција и сега како владејчка партија бара укинување на техничката влада бидејќи таа беше донесена во сосема други политички околности и дека оттогаш Македонија одржа три изборни циклуси. Првично СДСМ прифати но сега лидерот на Венко Филипче смета дека техничката влада мора да остане.

Подготви: Игор Чавески

Поврзани вести