Skip to main content
ВМРО-ДПМНЕ

СДС ако има докази за незаконски постапки нека поднесе пријава до нивниот обвинител Коцевски кој жилаво го брани Филипче

Спиновите на СДС и хистеријата за наводен криминал не поминува. СДС во очај од своите егзистенцијални проблеми почна да конструира наводни скандали за некакви тендери, постапки кои се согласно закон, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Секоја фирма и компанија во државава кои ги исполнува условите и критериумите има право да учествува на постапки за јавни набавки, а на крај да се избере најповолната понуда.

И во двете постапки кои СДС сака да ги претстави како скандал, испочитувана е законската процедура и фирмата која дала најповолна понуда е избрана.

Никој од имињата кои СДС ги споменува нема ниту сопственички удел, ниту некаква поврзаност со фирмите, а најмалку има допирна точка со тендерската постапка.

СДС во обвинителството си има свој републички јавен обвинител, Љупчо Коцевски, кој Венко Филипче, жилаво го брани од одговорноста за криминалот со модуларните болници, вакцините од фирми за овошје по двојно повисоки цени, приватизацијата на стерилизацијата низ јавните здравствени институции, аудито Q8 подарок од фирмата која ги доби најголемите тендери за набавка на јаглен и уште ред други.

Затоа, топло им препорачуваме, се што имаат нека поднесат кај него за да испита. Но знаат дека немаат никаков доказ, зошто се е согласно законските процедури, па само шират хистерија која веќе ни нивните членови не ја оправдуваат.

Помина времето на СДС кога тендерите се договараа во четири очи, сега сè се работи согласно закон и процедури.

Во однос на Ивица Томовски кој упорно се обидуваат да го поврзат со фирма за одржување на хигиена, иако и тој и фирмата негираа било каква поврзаност, ги прашуваме дали истата фирма, која добивала тендери во време на власт на СДС, и тогаш го чистела буџетот под нивна команда, прашуваат од владејачката ВМРО ДПМНЕ.

Поврзани вести