Skip to main content

Саздовска за ТВ21: МВР строго професионално работи, за краток рок ги презеде сите мерки за криминалистичката истрага

Универзитетската професорка по криминалистика, Марина Малиш Саздовска вели дека Министерството за внатрешни работи, во врска со трагичниот настан во Кочани, постапувало строго професионално и за краток рок ги презело сите мерки во делот на криминалистичката истрага.

Во разговор за телевизија ТВ21, професорката Саздовска посочи дека ВМР покажа стручност и итни резултати од истрагата и покрај тоа што увидот на место на настан каде имало пожар е најкомплексен увид, бидејќи материјалните траги горат.

„Имаме едно строго професионално постапување. Тоа што во моментот не е во притвор градоначалникот, би го толкувала само на начин дека што можеби во процедурата немало основи за негово понатамошно задржување. Тоа што одредени лица се приведени, тоа не значи дека кон нив ќе биде процесирана кривична пријава. Значи да оставиме простор на криминалистичко- оперативна дејност да постапи и да добиеме еден целосен увид во настаните“, рече професорката Саздовска.

Саздовска апелираше надлежните да постапуваат внимателно бидејќи граѓаните во вакви сензитивни моменти на вакви големи трагедии можат лесно да бидат изманипулирани.

„Масата која што ќе биде вклучена во голем број, тоа ќе бидат голем број на учесници на погребалните поворки, лесно би можело да биде изманипулирана. Да се надеваме дека тоа нема да се случи. Меѓутоа, секако, во тие траорни моменти луѓето се многу емотивно насочен во делот на самата ситуација и би требало со многу големо внимание да се постапува во тие ситуации. Да се избегнат сите можни провокации од било која страна“, објасни Саздовска.

Поврзани вести