Skip to main content

Сарамандов вети: Изградба на кеј на реката Вардар

Во центарот на Гевгелија вечерва ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата одржаа митинг каде ги претставија кандидатите за советници и кандидатот за градоначалник Андон Сарамандов.

Градоначалникот Андон Сарамандов се заблагодари за поддршката и побара од своите сограѓани уште еден градоначалнички мандат.

– Не беше лесно, пред 4 години затекнав општина која стагнираше во развојот, беше доведено прашањето нормалното функционирање на локалната самоуправа. Но со успешно менаџирање се справивме со сите предизвици. И со упорна и чесна работа успеавме да реализираме проекти кои беа и надвор од програмата. Не само во Гевгелија, ние реализиравме и бројни проекти во сите население места, порача Сарамандов.

Сарамандов најави капитални проекти, нов влез на Гевгелија, кеј на реката Вардар, нов мега парк, нов фудбалски стадион и уште многу проекти која ќе ја красат Гевгелија