Skip to main content

Сали во Брисел се сретна со европратеникот Матеј Тонин

Напредокот на земјава во процесот на евроинтеграциите и спроведувањето на клучните реформи, вклучувајќи го владеењето на правото, јавната администрација и правата на заедниците, биле во фокусот на средбата на првиот заменик-претседател и министер за европски прашања, Беким Сали, со европратеникот Матеј Тонин (EPP) во Европскиот парламент.

Како што соопштуваат од кабинетот на министерот, за време на средбата во рамките на официјалната посета на Брисел, била истакната и важноста на тоа билатералните прашања да не го попречуваат напредокот на земјата кон ЕУ.

Исто така, беше оценет постигнатиот напредок во Планот за раст и дигитализацијата на услугите, вклучително и проектот WiFi4WB и приклучувањето во SEPA, како и соработката со Претседателството на Кипар и европските партнери за решавање на предизвиците со транспортерите по воведувањето на Системот Entry/Exit“, стои во соопштението од кабинетот. 

Оттаму дополнуваат дека првиот заменик-претседател Сали повторно ја потврдил посветеноста на Македонија кон европскиот пат и подготвеноста за натамошно унапредување на секоја реформа со европските партнери.

Поврзани вести