
На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, гостуваше генералниот секретар и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски кој истакна дека Собранието како претставнички дом на граѓаните преку носење на квалитетни закони се труди да им обезбеди добар живот на граѓаните, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
„Собранието претставува претставнички дом на граѓаните и со самото тоа Собранието се труди најмногу да врати на граѓаните преку носење на квалитетни закони, подобрување на законите и се она што во делот на локалната самоуправа треба да се направи, за да се подобри таа легислатива“, рече Сајкоски.
Сајкоски објасни дека Собранието изминатата година донело суштински закони, како законот за финансирање на општините со цел да можат да ги реализираат зададените проекти и цели.
„Затоа Собранието во изминатата година донесе неколку суштински закони, прво законот за финансирање на локалната самоуправа со тоа што можат да добијат плус средства општините и да можат да реализираат плус проекти, меѓутоа Собранието донесе и еден закон којшто многу помогна за да се реализираат безброј проекти на општините а тоа е законот за заем со тоа што се овозможија средства на секоја општина што до сега не било, 80 општини добија средства од страна на Владата за да можат да реализираат проекти. Овие проекти што сега ги реализираат општините во нашата држава се суштински и потребни проекти за граѓаните“, дециден е Сајкоски.