
На вечерашниот мини-митинг во општина Кичево, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември, се обрати генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски кој упати порака за масовна излезност на 2 ноември за глас на кандидатот Александар Јовановски, за развој и напредок на Кичево.
Почитувани, ни останаа уште неколку денови до она за коешто работевме долг период. Ни останаа уште 3-4 дена до 2, денот кога треба да излеземе масовно како што излеговме на овој плоштад, да кажеме не за не работата, не за неморалот, не за кандидатот којшто не посрамоти. И да кажеме да за оној којшто сака, којшто може и којшто треба да сработи за нашата општина, да кажеме да за Александар Јовановски за иден градоначалник на Кичево“, рече Сајкоски.
Тој ги повика и оние граѓани кои живеат во дијаспората да го дадат својот глас за бројот 9, за да има подобри услови, кои ќе донесат подобар живот за кичевчани.
Сакам кратко да порачам и за оние коишто сакаат и се спремаат да доаѓаат од странство. Почитувани, многу ве почитуваме и секогаш нашата врата е отворена за вас, но нашите деца 265 дена дишат нечист воздух, нашите деца 365 одат по калливи улици, нашите деца и ние со нашите автомобили се движиме низ фекалии во населбите од нашиот град. Затоа и вие придружете се кога ќе дојдете тука во Кичево, гласајте за број 9, гласајте за Александар Јовановски, гласајте за победничката опција во Република Македонија“, вели Сајкоски.

Македонски








